Се враќа редовната линија Скопје – Приштина

Bez autora
Mar 08 2020

Од 9 март се враќа во сообраќај патничкиот воз Скопје – Приштина и обратно.

Возот поради одредени технички проблеми не сообраќаше редовно, а со надминување на проблемот повторно е во функција.

Возниот ред останува ист. Поаѓањето од Скопје ќе биде во 16 часот, да возот се очекува да пристигне во Приштина во 19 часот.

Што се однесува до релацијата Приштина – Скопје, поаѓањето ќе биде во 7 часот, а возот се очекува да пристигне во Скопје во 9.52 часот.

Воведувањето на редовната линија на возот Скопје – Приштина – Скопје се очекува значително да го зголеми движењето на патниците уште повеќе со оглед на секојдневните потреби што луѓето ги имаат од двете страни на границата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik