„Визер“ за следното лето нуди билети од 599 денари во еден правец

Bez autora
Sep 02 2018

Авиокомпанијата „Визер“ објави дека нејзиниот летен распоред за 2019 година од аеродромот во Скопје е сега достапен на wizzair.com. Почнувајќи од денес, патниците од Скопје може да ги резервираат своите билети за својот следен летен одмор, службено патување или посета на пријатели од 599 денари во еден правец. Во следните две недели цените за летната сезона ќе бидат исклучиво достапни за членовите на WIZZ DiscountClub, а од 13 септември 2018 тие ќе станат достапни за сите. „Без разлика дали барате да резервирате семеен одмор на плажа или да одите на градска прошетка за да откриете еден од најпопуларните градови во Европа, сигурно има дестинација во разновидната мрежа на ‘Визер’ за да ја исполни вашата желба. Ги повикуваме патниците да ја посетат wizzair.com и да ги обезбедат најдобрите понуди за своето следно патување од Скопје“, изјави Сорина Ратц, шеф на корпоративните комуникации во „Визер“...

Авиокомпанијата „Визер“ објави дека нејзиниот летен распоред за 2019 година од аеродромот во Скопје е сега достапен на wizzair.com. Почнувајќи од денес, патниците од Скопје може да ги резервираат своите билети за својот следен летен одмор, службено патување или посета на пријатели од 599 денари во еден правец. Во следните две недели цените за летната сезона ќе бидат исклучиво достапни за членовите на WIZZ DiscountClub, а од 13 септември 2018 тие ќе станат достапни за сите.

„Без разлика дали барате да резервирате семеен одмор на плажа или да одите на градска прошетка за да откриете еден од најпопуларните градови во Европа, сигурно има дестинација во разновидната мрежа на ‘Визер’ за да ја исполни вашата желба. Ги повикуваме патниците да ја посетат wizzair.com и да ги обезбедат најдобрите понуди за своето следно патување од Скопје“, изјави Сорина Ратц, шеф на корпоративните комуникации во „Визер“.

Авиокомпанијата нуди над 1,2 милион седишта од Скопје за в година истакнувајќи ја својата посветеност за донесување нови можности за патување во земјата со навистина поволни цени. „Визер“ за 2019 година нуди 27 директни дестинации до 13 земји во Европа и пошироко.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik