„Ист гејт мол“ отворен за посетители

Bez autora
Nov 01 2021

Bо Скопје официјално е отворен „Ист гејт мол“, инвестиција вредна 103 милиони евра.

Портата на новиот мол во Скопје е отворена за сите посетители од земјава и регионот, кои ги очекува најбогатата понуда за шопинг и забава во земјата и пошироко.

Трговскиот центар располага со вкупна површина од речиси 160 илјади квадратни метри, од кои околу 57 илјади квадратни метри е простор за закупување.

Објектот е лоциран на 5 минути од центарот на градот и веднаш до автопатот М4, а е создаден со помош од над 2.500 вработени.

Во склоп на молот се простираат 2.000 паркинг-места, 220 продавници, кои нудат избор од над 600 бренда, од кои 40 се сосема нови што првпат се претставуваат во земјата.

Меѓу многубројните брендови во молот отворена е и најголемата Zara на Балканот, во чии рамки има и Zara Home, како и глобалните брендови Reserved, Mohito, Sinsay, Cropp, House, Armani Exchange, Calvin Klein, Kiko, Milano, Pandora, Mango, XYZ, Patrizia Pepe, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Dsquared2, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal, Oysho, The Athlete’s Foot, Twinset и многу други.

Од денес „Ист гејт мол“ е евидентен доказ на успешно имплементираниот план за зацртаната визија на креаторите да создадат еден сеопфатен гигант, кој се простира на 5 нивоа, како и да го реализираат позиционирањето на главниот град на европската и глобалната шопинг-мапа.

Проекциите навестуваат годишен број на речиси 12 милиони посетители, а почнувајќи од денес, „Ист гејт мол“ на секој посетител ќе му посакува добредојде со пораката „Ти си центар“.

„’Ист гејт мол’ од денес за 360 степени го менува концептот за она што претставува еден трговски центар во секое време од годината и со тоа станува најпривлечна дестинација и за посетителите од блиското соседство“, истакна главниот извршен директор на компанијата „Скопје ист гејт“, Игор Давков, на официјалното отворање.

„Ист гејт мол“ е инвестиција на Групацијата Балфин (Balfin Group), чие портфолио опфаќа многубројни сектори, како недвижности, туризам, енергетика, банкарство и многу други. Групацијата Балфин (Balfin Group) е присутна на австрискиот, албанскиот, косовскиот, босанскиот (БиХ), македонскиот, холандскиот и на црногорскиот пазар.

Трговскиот центар е само еден сегмент од мултифункционалниот проект „Скопје ист гејт“, кој предвидува и изградба на резиденцијален комплекс и канцелариски парк со вкупна изградена бруто-површина од над 500.000 квадратни метри.

Вкупната инвестиција на целиот проект се проценува на речиси 350 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik