Маркети и месарници манипулирале со продуктите и со цените

Bez autora
Mar 02 2022

Немало паника, туку маркети си дозволиле сами да повлечат продукти во петокот за денеска да ги вратат со нови цени. Инспекторите веќе најавиле дека маркетите што го направија ова, ќе бидат санкционирани.

Месарници, пак, ја зголемиле цената на месото со објаснување дека го преработувале, а за министерот за економија, тоа е манипулација.

„Немало паника кај граѓаните, некои од трговците сами ги повлекле продуктите за да ги вратат назад со нови цени. Тоа нема да дозволиме да се случи. Не е време да се шпекулира и манипулира со зголемување на трошоците. Трговците ќе бидат санкционирани. Нема место за паника, нема да има ценовен шок. Тие трговци што мислат дека може да манипулираат со граѓаните и институциите – ќе бидат санкционирани“, рече Бектеши.

Казните се до 10 илјади евра за оние што се одлучиле да ги повлечат продуктите за да ги продаваат со зголемена цена.

„Во делот на месото има мало зголемување на цените бидејќи кажуваат дека е преработено месо, а не свежо месо. Тие ќе бидат исто така контролирани, ќе се провери како е увезено, ќе се вратат цените како што треба да бидат. Сакаат манипулативно да покажат дека е произведено тука за да утврдат друга цена. Има контрола, утврдено е дека тоа се случувало особено вчера и завчера. Дадени се насоки да се вратат цените како што е одлуката. Нема недостиг на храна“, изјави Бектеши.

Според него, Инспекторатот е на терен и ќе се постапи во согласност со одлуката на Влада, што би значело намалување на цените.

„Одредени производители ги зголемиле цените, но главно се движат од 25 до 30 денари. Граѓаните сами одлучуваат каде ќе купуваат. Денеска е првиот ден, наредните два-три дена цените ќе се вратат како што беше според одлуката. Повлекување резерви нема да дозволиме да има“, додаде тој.

Според него, војната во Украина нема да има влијание на домашниот пазар.

„Директно не би влијаело во Македонија, но индиректно за енергентите може да влијае. Над 70 отсто од трговската размена е со ЕУ. Ги преземаме сите мерки за да нема ценовни шокови во производите, особено во оние што се најважни“, рече Бектеши.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik