Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, а трговскиот дефицит се намалува

Bez autora
Sep 07 2026

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат позитивни движења во надворешнотрговската размена, при што извозот расте побрзо од увозот, а трговскиот дефицит се намалува, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реконструираната Стара чаршија во Гевгелија, Мицкоски рече дека особено охрабрувачки се податоците за јули, првиот месец од третиот квартал.

– За првпат по подолг период имаме ситуација во која извозот расте побрзо отколку увозот. На тој начин се намалува дефицитот во трговската размена во првите седум месеци од годината, а тоа е особено изразено во јули, кој е прв месец од третиот квартал – истакна Мицкоски.

Според него, резултатите за јули се над очекувањата, особено во делот на извозот, додека растот на увозот, како што посочи, главно е последица на високите цени на нафтата и нафтените деривати на светските пазари.

– Кога би се стабилизирал тој дел од пазарот, разликата би била уште поголема, а трговскиот дефицит уште помал – додаде премиерот.

Мицкоски посочи дека економските показатели се уште еден доказ за подобрување на економската состојба во државата, пренесува МИА.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik