Ограничена продажбата на масло за јадење

Bez autora
Apr 14 2022

Министерот за економија, Крешник Бектеши, објави дека продажбата на сончогледово масло за јадење ќе биде ограничена и дека секој купувач во текот на денот ќе може да купи само едно шише масло.

Мерката стапи во сила вчера, а ќе важи до 31 мај. Се препорачува да не се дозволува продажба на масло од сончоглед за јадење во големи количини, односно количини пакувани во пакети.

Министерството за економија во текот на вчерашниот ден достави известување до сите трговци, со кое ги известува дека поради значајниот пораст на купување масло за јадење од сончоглед од страна на домашни купувачи во однос на редовната потрошувачка во домаќинството, како и странски купувачи, се нарушува редовното снабдување на домашниот пазар.

Се замолуваат трговците на мало во случај кога купувач бара да купи поголеми количини масло за јадење од сончоглед во текот на денот, веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik