Привремено се укинуваат царините за млеко и павлака

Bez autora
Aug 31 2022

Владата денеска донесе одлука за времено укинување, (до 31.12.2022 година) на царинската стапка од 20 проценти за млеко и павлака, некoнцентрирани и без дoдаден шеќер или други материи за засладувањe...

Со цел да се намали растот на цените, Владата денеска донесе одлука за времено укинување, (до 31.12.2022 година) на царинската стапка од 20 проценти за млеко и павлака, некoнцентрирани и без дoдаден шеќер или други материи за засладување со содржина на маснотија по маса што надминува 21 проценти, но не надминува 45 отсто и царинската стапка од 15 отсто за млеко и павлака, неконцентрирани и без додаден шеќер со содржина на маснотија по маса што надминува 10 отсто, но не надминува 45 отсто во амбалажа, чија нето маса не надминува 2,5 кг.

Од владината прес-служба соопштија дека увозот на овие тарифни ознаки од земјите на ЦЕФТА е без царина, а од земјите членки на Европската Унија се врши со царинска стапка од пет отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik