Се воспоставува систем за елиминирање недозволена трговија со тутунски производи според европски регулативи

Bez autora
Feb 16 2023

Владата, на предлог на Министерството за финансии, ја разгледа и усвои Информацијата за воспоставување Систем за следење и контрола на тутунски производи и на Систем за следење и контрола на нафта и нафтени деривати – Track&Trace, со препораки за начинот на имплементација во Република Северна Македонија.

Системот за следење и контрола на тутунски производи, според информацијата од Министерството, има за цел да обезбеди следење и контрола на тутунски производи во сите фази на нивното движење, од производството, преку фазата на дистрибуција, до првото малопродажно место.

Овој систем, Track&Trace, за тутунски производи, во Европската Унија е регулиран со директива и регулативи коишто се задолжителни за примена во земјите членки на Европската Унија и со коишто се имплементирани одредбите од Протоколот за елиминирање недозволена трговија со тутунски производи на Светската здравствена организација.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik