Сојуз на земјоделски здруженија: Постигнат договор со четири компании за повисоки цени на тутунот

Bez autora
Oct 31 2022

Во просек за 20-тина отсто се зголемуваат откупните цени на тутунот во пресрет на откупната кампања на годинашнава реколта.

Според Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија постигнат е договор со четири откупни компании, а другите, уверени се од Сојузот, ќе го следат примерот.

Менде Стомнароски, претседател на Сојузот вели дека тоа и квалитетниот род ќе ги ублажат трошоците во производството.

Годинашниов род е договорен на 26 000 тони, но очекувањата се дека ќе биде околу 19 000 тони.

Горан Бозароски, тутунопроизводител од Прилепско има два тона тутун и очекува добро да помине при претстојниот откуп. Признава дека недостига работна рака, а единствено ќе помогне поддршката од државата за земјоделецот.

Откупната кампања може да почне од 15 ноември, но крајниот законски рок за откупувачите да ги отворат пунктовите е 15 декември. Со тутунопроизводство во земјава, велат од Сојузот, се занимаваат околу 20 000 семејства. Најавени се 10 откупни компании да го преземаат годинашниов род на тутунот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik