Трошоците за живот во јануари се зголемиле 1,9 процент

Bez autora
Feb 16 2021

Индексот на трошоците за живот во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, бележи зголемување од 1,9 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1,6 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалување на индексите на трошоците за живот во јануари 2021 година во споредба со претходниот месец е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компири и други коренести плодови, и тоа 6,5%, свежото и разладеното овошје 1,6%, виното 0,5%, месото 0,4%, рибата и морските плодови, сирењето и урдата 0,3%, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук 0,2%.

Исто така, намалување на индексите на трошоците за живот е забележано и кај домашните миленици и сродните производи, и то 2,7%, течните горива за домаќинствата 1,9%, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено 1,3%, информатичката опрема за обработка на податоци 1,1%, обувките 1,0%, цврстите горива за домаќинствата 0,9%, малите електрични апарати за домаќинствата 0,6%, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики 0,5%, другата облека и додатоците за облека 0,4%, облеката, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема 0,2%.

Пораст на индексите на трошоците за живот во јануари 2021 година во споредба со претходниот месец е забележан кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, и тоа 0,6%, прехранбените производи неспоменати на друго место 0,5%, маслото и маснотиите 0,4%, жестоките пијалаци 0,3%.

Во јануари исто така пораст на индексите на трошоците за живот е забележан и кај електричните апарати за лична хигиена, и тоа 4,0%, гасот за домаќинствата 3,6%, горивата и мазивата за сопствените превозни средства 2,0%, мебелот и покуќнината 1,6%, велосипедите 1,4%, големите електрични апарати за домаќинствата 1,0%, патниот патнички транспорт 0,8%, градините, растенијата и цвеќињата, книгите 0,6%, другите апарати и производи за лична хигиена 0,4%, моторните возила, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства 0,3%, фармацевтските производи, другото образование, угостителските услуги 0,2%.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik