Укината е одлуката за ограничување на извозот на масло од сончоглед

Bez autora
May 11 2022

На денешната седница Владата донесе одлука да престане важноста на одлуката за ограничување на извозот на масло од сончоглед.

Одлуката е донесена врз основа на констатираната состојба дека тековното домашно производство на масло од сончоглед редовно го снабдува домашниот пазар за потребите за широка потрошувачка, односно за сервисирање на граѓаните, дека постоечките количини позитивно влијаат на стабилната состојба со овој основен прехранбен производ и дека нема потреба да се создаваат вишоци, односно залихи на масло од сончоглед за јадење.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik