Македонците најмногу патуваат со евтините летачи

Bez autora
Jun 22 2014

Нискотарифните авиокомпании го преземаат македонското небо. Статистиката на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) открива своевиден бум кај бројот на патници кај нискотарифните авиокомпании во 2013 година. Имено, од вкупниот број од еден милион патници што лани летале од македонските аеродроми, услуги на нискотарифните компании користеле 440.127 патници, што е пораст од 240% во однос на 2012 година, кога со таканаречените евтини летови биле превезени 150.000 патници. Ако се земе предвид дека пред само околу три години нискотарифните компании беа вистинска непозната за македонските авиопатници, сега бројките покажуваат дека тие полека го преземаат македонскиот авиопазар - вели директорот на АЦВ, Дејан Мојсоски.

Македонците најмногу патуваат со евтините летачиНискотарифните авиокомпании го преземаат македонското небо. Статистиката на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) открива своевиден бум кај бројот на патници кај нискотарифните авиокомпании во 2013 година.

Имено, од вкупниот број од еден милион патници што лани летале од македонските аеродроми, услуги на нискотарифните компании користеле 440.127 патници, што е пораст од 240% во однос на 2012 година, кога со таканаречените евтини летови биле превезени 150.000 патници.

- Ако се земе предвид дека пред само околу три години нискотарифните компании беа вистинска непозната за македонските авиопатници, сега бројките покажуваат дека тие полека го преземаат македонскиот авиопазар - вели директорот на АЦВ, Дејан Мојсоски.

Најголем пораст, за 18 лета повеќе во однос на летото во 2013-та, има нискотарифната "Виз ер", на релациите Скопје - Брисел, Париз - Скопје, Келн - Скопје, Франкфурт - Скопје и Милано - Скопје. "Германија флугеселшафт" има два лета повеќе во однос на минатата година на релацијата Скопје- Берлин. И "Џетер флај" има еден лет повеќе, односно ќе лета четири пати на релациите Брисел - Скопје, Скопје - Брисел, Брисел - Охрид и Охрид- Брисел.

Нискотарифните авиопревозници се користат за туризам, за малиот и за средниот бизнис и за сезонска посета на роднини и пријатели од дијаспората, додека со редовните авиопревозници се патува со летовите што имаат конекција и трансфер на патниците кон далечните интерконтинентални дестинации.

- 14 авиокомпании се вклучени во редовниот авиопревоз со директни врски до 25 дестинации. Од аеродромите "Александар Велики" во Скопје и "Апостол Павле" во Охрид, во редовниот сообраќај се вклучени 14 авиопревозници, со директни авиоврски со 25 дестинации (Виена, Белград, Загреб, Истанбул, Љубљана, Цирих, Лондон, Малме, Гетенбург, Ајндховен, Дортмунд, Мемингем, Базел, Венеција, Стокхлом, Брисел, Париз, Келн, Милано, Франкфурт, Рим, Берлин, Брисел, Цирих и Дубаи) - нагласува Мојсоски додавајќи дека дури 96,7% од патниците го користеле редовниот авиосообраќај, а само 3,3% чартер-линиите.

Инаку, трендот на зголемување на бројот на патниците, како и минатата година продолжува со несмален интензитет. Имено, само во првите пет месеци од 2014 година за 18, 6% повеќе патници полетале и слетале од двата македонски аеродроми. Од нив, 96,8% ги користеле услугите на аеродромот "Александар Велики", а само 3,2% на "Св. Апостол Павле" во Охрид.

- Зголемена фреквенција на луѓе и стоки бележиме и покрај тоа што во јануари на скопскиот аеродром дури 123 лета беа откажани во деновите со магла - вели Мојсоски.

Значително зголемување има и во карго превозот. Имено од почетокот на годинава дури 22,4%, или од јануари до мај на двата аеродроми бил реализиран транспорт на 1.345,49 тони стоки.

Од АЦВ очекуваат отворањето на воздушниот простор и зголемувањето на бројот на прелетите над Македонија, ќе овозможи да се намалат цените во воздухопловниот транспорт и на цените на билетите за македонските патници што ќе ги плаќаат за патувања на европските и на светските дестинации бидејќи ќе се зголеми конкуренцијата меѓу авиокомпаниите.

- Исклучително важна е и дефрагментација на воздушниот простор во регионот и создавање најкуси и најфлексибилни авиорути - истакнува Мојсоски.

Во моментов АЦВ работи преку конекции со прекуокеанските земји, со една точка на транзит и конекција, како што се Истанбул, Дубаи, Виена и најново е преку Рим.

- Истовремено работиме и на привлекување на компании што ќе реализираат директни линии со прекуокеанските земји - истакнува Мојсоски.


Кои се најевтините авиолинии во Европа?

Просечната цена на лет со најевтина авиокомпанија во Европа е 64,44 евра, покажува истражувањето на whichairline.com. Тоа е преку нискобуџетната компанија "Пегасус" која го презема водството на најевтини авиопревозници пред "Рајан ер", "Виз ер", "Волотеа" и "Ер Литваниа". Кога ќе се додаде таксата за 20 килограми багаж, тогаш "Пегасус" остануваат на прво место, но втората Рајан ер" паѓа до 6-та позиција.

Најевтините летови во светот се во Азија, и затоа "Ер Азиа" е на прво место. Европската најевтина авиокомпанија "Пегасус" е на 7-мо место во светот.

Еве топ 10 на најевтини авиокомпании за Европа по просечна цена на лет:
Пегасус - 64,44 евра
Рајан ер - 65,43 евра
Виз ер - 70,40 евра
Волотеа - 81,03 евра
ЕР Литваниа - 81,12 евра
Вилинг - 81,99 евра
Ер Уан - 85,48 евра
Германвингс - 69,04
Блу Ер - 86,21 евра
Изи џет - 87,17 евра

Според просечна цена + такса за 20 килограми багаж:
Пегасус ерлајнс - 64,45 евра
Ер Литваниа - 81,10 евра
Вилинг - 96,94 евра
Германвингс - 98,67 евра
Виз ер - 100,31 евра
Рајан ер - 100,36 евра
Ер Уан - 105,40 евра
Волотеа - 105,94 евра
Изи џет - 107,12 евра
Флај би - 109,74 евра

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik