„Визер“ почна да продава билети за новите летови од Скопје – цените почнуваат од 969 денари. Унгарската авиокомпанија „Визер“ ја најави новата директна маршрута што ќе ги поврзе Скопје и Келн, првиот лет ќе биде на 15 декември, а картите се од 2.599 денари.
Авиокомпанијата нуди вкупно 34 дестинации во 15 земји, заминувајќи од Меѓународниот аеродром „Скопје“ и од аеродромот во Охрид. Компанијата најави дека со зголемувањето на поврзаноста и на достапноста на авионскиот транспорт, ќе се придонесе и за развојот на туризмот и на економијата на земјава!
Унгарската авиокомпанија „Визер“ ја најави новата директна маршрута што ќе ги поврзе Скопје и Келн. Билетите се веќе достапни на официјалната веб-страница wizzair.com и преку мобилната апликација WIZZ, по почетна цена од 1.619 денари за еден правец, вклучувајќи ги сите задолжителни такси.
Со ова проширување, авиокомпанијата нуди вкупно 34 дестинации во 15 земји, заминувајќи од Меѓународниот аеродром „Скопје“ и од аеродромот во Охрид. Компанијата најави дека со зголемувањето на поврзаноста и на достапноста на авионскиот транспорт, ќе се придонесе и за развојот на туризмот и на економијата на земјава.
Како што најави претходно министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, од ноември ќе има летови до Мадрид и до Стокхолм, а од декември – до Прага, Бари и до Келн.
Според објавените информации, првиот лет од Скопје до Мадрид ќе биде на 28 октомври, од 1.949 денари; од Скопје до Стокхолм првиот лет ќе биде на 27 октомври, од 2.079 денари; од Скопје до Бари првиот лет ќе биде на 27 октомври, од 969 денари; од Скопје до Прага првиот лет ќе биде на 15 декември, од 1.619 денари и од Скопје до Келн првиот лет ќе биде на 15 декември, од 2.599 денари.
Како што нагласи вицепремиерот Николоски, новата авиолинија Скопје – Келн ќе има големо значење за развојот на туризмот, поврзаноста со дијаспората и за економијата.
Инаку, Келн е живописен град, каде што се спојуваат историјата и современиот живот на уникатен начин. Од величествената Келнска катедрала и шармантниот стар град до богатата уметничка сцена, светски познатите музеи и веселиот дух, градот нуди по нешто за секој патник. Без разлика дали шетате покрај Рајна или уживате во неговите познати манифестации, Келн е дестинација што вреди да се открие во текот на целата година.