Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 % во однос на одлуката од 27.12.2021 година.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и на „евросупер БС-98“, како и на „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат 1,50 денар за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,850 денари за килограм и сега ќе изнесува 40,210 денари за килограм.
Од 4.1.2022 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 75,00 денари за литар;
– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 77,00 денари за литар;
– дизел-гориво евродизел БС“ (Д-Е V) – 65,50 денари за литар;
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 65,50 денари за литар;
– мазут М-1 НС – 40,210 денари за килограм.
Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 4,218 %, кај дизелот за 3,934 % , кај екстра-лесното масло за 4,093 % и кај мазутот за 3,052 %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0, 217 %.