Во РЕК „Осломеј“ се доставува јаглен од Берово и Косово

Bez autora
Dec 19 2021

Вo РЕК „Осломеј“ тече испораката на 130 илјади тони јаглен наменети за производство на електрична енергија во комбинатот до април следната година.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, и членови на Управниот одбор извршија контрола врз процесот на достава на количините, кои се дистирибуираат до депонијата на ТЕЦ „Осломеј“, каде што се носи и одредена количина од преостанатиот јаглен кој се ископува од речиси целосно исцрпените сопствени наоѓалишта.

Набавенот јаглен се носи од рудник во Берово и рудник од Косово и се испорачува со дневна динамика утврдена во договорот со економскиот оператор.

Дополнително се побаруваат уште 180 илјади тони јаглен за РЕК „Осломеј“ и 810 илјади тони за РЕК „Битола“, за кои количини има отворен повик со важност во текот на целата 2022 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik