Вториот блок на РЕК Битола од синоќа повторно вклучен во систем

Bez autora
Nov 15 2021

Блок 2 на РЕК Битола синоќа во 2:45 часот е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија.

Производството на електрична енергија од комбинатот продолжува непречено и од Блок 1, информираат преку соопштение од АД Електрани на Северна Македонија.

„На депонијата за јаглен во РЕК Битола во моментов има доволно јаглен за континуирано производство на електрична енергија за потребите на домаќинствата, а количините се надополнуваат и се зголемуваат во континуитет“, се истакнува во писмениот допис.

Од таму додаваат дека стручнен тим составен од вработени во РЕК Битола и во енергетските компании во земјава продолжува со напорите за оспособување на трансформаторот на Блок 3, кој беше оштетен во пожарот од пред десет дена.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik